Дома Топ вести Барселона доби дозвола да игра во ЛШ, но под еден услов

Барселона доби дозвола да игра во ЛШ, но под еден услов

Барселона доби дозвола од УЕФА за настап во европските купови, односно во Лигата на шампиони, но таа дозвола е условна.

Барселона е во центарот на  фудбалски скандал поради претходното раководство на клубот и информациите кои се појавија за наводно влијание на судиите. Клубот е под истрага и поради афера во која се сомничи дека влијаел на судењето во домашното првенство.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Додека не се докаже вината, Барселона ќе може да игра во Лигата на шампионите, а подоцна и во Лига Европа доколку заврши на третото место во групата.

Како што е наведено во правилникот кој важи од 2007 година, УЕФА може да им забрани на тимовите кои се вклучени во местење натпревари да учествуваат во европските натпреварувања.

Доколку истрагата на УЕФА покаже дека Барселона влијаела на судењето, каталонскиот клуб ќе добие забрана за настап во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Дамфрис во Интер до 2028 година!

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…