Барселона постигна договор со Лас Палмас за потписот на младиот Педри.
Каталонскиот клуб за 16 годишниот вундеркид ќе плати пет милиони евра, а тој веднаш ќе се врати на позајмица во Лас Палмас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Педри веќе одигра три натпревати во Секунда за Лас Палмас оваа сезона и запиша една асистенција. Двата клуба се договорија дека најдобро за младиот фудбалер е да остане во Лас Палмас.
„Има нешто посебно и го чека преспективна иднина. Помина многу време од кога сум видел играч како него“, изјави фудбалерот на Лас Палмас, Џонатан Виера.
За услугите на Педри интерес покажуваше и Челзи, меѓутоа каталонскиот тим победи во оваа трка.