Сагата околку трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ се уште не е завршена, а денеска доби и нов пресврт.
Иако Бразилецот се наоѓа во Дубаи, каде што, според француските медиуми, би требало да си оди за Париз, на крај тоа не се случи. Нејмар се враќа во Барса и уште утре ќе присуствува на првиот тренинг на оваа екипа. Меѓутоа, управата на клубот потврди дека утре ќе разговара со Бразилецот за конечно да откријат што тој навистина сака.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави информација дека Нејмар има интересна клаузула во договорот со Барса. Имено, Барселона мора да му плати на неговиот татко, кој исто така е и негов агент 25 милиони евра за „лојалноста“, ако Нејмар биде член на Барса до 31. јули оваа година.
Таткото на Нејмар вчера пристигна во Барселона за да го наплати овој износ, но од тоа не имаше ништо. Како што пренесува „Марка“, управата на Барселона му кажалa дека парите нема да бидат исплатени, бидејќи новиот договор стапи во сила дури сега, па така, таткото на Нејмар за оваа сума ќе мора да чека уште една година.