Eкипата на Барселона би можела да се најде во големи проблеми поради „случајот Негреира“ и долгогодишните исплати кон поранешниот потпретседател на судиите.
„Каталонците“ можат да имаат сериозен проблем за исплатите од над седум милиони евра кон поранешниот потпретседател на судиите, Енрикез Негреира.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Утрово од Шпанија пристигна информација дека Барселона ќе одговара за поткуп. Наводно, ова го изјавил судијата кој го води случајот, тој е убеден дека исплатите се криминал.
Освен Барселона како клуб, како физички лица ќе одговараат и поранешните претседател Жозе Марија Бартомеу и Сандро Росел, како и Енрикез Негреира и неговиот син Хавиер Енрикез Ромеро.