Филипе Кутињо сеуште се опоравува од незгодната повреда и наскоро се очекува да се врати на терените и да му помогне на Ливерпул.
Барселона веќе подолго време покажува интерес за Кутињо, а и неговиот сонародник Нејмар го убедил раководството да инвестираат во Бразилецот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека Кутињо ќе биде трансфер цел број еден на Барселона за следното лето и дека Каталонците спремиле 60 милиони фунти за да го убедат Ливерпул да го пушти.
На „Кам Ноу“ во Кутињо гледаат идеална замена за Ракитиќ кој најверојатно на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.
Меѓутоа на Каталонците воопшто нема да им биде лесно да го убедат Ливерпул да ја пушти својата ѕвезда, бидејќи Јирген Клоп ќе направи се за да го задржи Кутињо на „Енфилд“.