Дома Топ вести Барса спреми 100 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Барса спреми 100 милиони за ѕвезда од Бундеслигата

Германскиот „Спорт“ пренесува изненадувачка вест дека Барселона се вклучила во трката за Каи Хаверц од Леверкузен.

Тренерот Кике Сетиен смета дека тој би бил идеално засилување за Барса, но Баер Леверкузен за него бара отштета од 100 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Барселона и тука сигурно ќе се обиде да ја намали цената и да вклучи некој играч. Наводно понуден е Емерсон кој оваа сезона игра на позајмица во Бетис, а се споменуваат уште Карлос Алења и Марк Кукурела.

Хаверц е 20 годишен играч за врска , неодамна изјави дека е спремен да го напушти Баер за да направи нов чекор во кариерата. Освен Барселона го следат уште Реал, Манчестер, Челзи и Баерн Минхен.

Наводно Барселона е спремна да го продаде Осман Дембеле за да го финансира трансферот на Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…