Барселона работи на изненадувачки трансфер и може да го донесе уругвајскиот напаѓач Кристиан Стуани, пренесува „Мундо Депортиво“.
33-годишниот напаѓач е една од опциите за замена на Луис Суарез, кој поради повреда ќе отсуствува од терените цели четири месеци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стуани игра во второлигашот Жирона и од почетокот на сезоната има постигнато 16 гола. Тој е водечки стрелец во Секунда, а Уругваецот и минатата сезона играше одлично кога клубот беше во Примера.
Договорот на Стуани со Жирона е до 2023 година и во него има откупна клаузула од 25 милиони евра. Меѓутоа, Барселона е спремна да понуди 7 милиони евра за неговиот потпис.