Дома Трансфер зона Барса почнува преговори со дефанзивецот на Сити

Барса почнува преговори со дефанзивецот на Сити

Барселона ова лето сака да ја засили одбраната и е во потрага по квалитетен дефанзивец.

Каталонците се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесуваат шпанските медиуми.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


27-годишниот Лапорт го загуби стартното место во тимот на Гвардиола и е спремен ова лето да ја промени средината.

„Граѓаните“ се спремни да го пуштат, а за неговата слобода бараат сума од 60 милиони евра.

Барселона наскоро ќе ги започне преговорите со Сити и веќе стапила во контакт со агентот на шпанскиот репрезентативец.

Манчестер Сити како негова замена сака да го донесе Серхио Рамос на кого му завршува договорот со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…