Дома Фудбал Барса може да здивне: Меси спремен за четвртфиналето!

Барса може да здивне: Меси спремен за четвртфиналето!

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси доби удар од страна на Калид Кулибали во мечот против Наполи, по што Каталонците се исплашија дека нема да може да сметаат на неговите услуги во четвтфиналето.

Меси, сепак, ќе биде подготвен за четвртфиналниот дуел против Баерн Минхен, кој вчера го совлада Челси, а „Марка“ пишува дека Аргентинецот не заработил сериозна повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меси се пожали на болка во левото стапало, но истата набрзо исчезнала и Аргентинецот ќе биде подготвен за мечот против Баварците, кои ќе бидат тежок ривал.

Аргентинецот одигра одличен дуел во победата против Наполи во осминафиналето на Лигата на шампиони и радува веста што ќе биде подготвен за средбата против Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола во јануари добива засилување од 72 милиони евра?

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе влезе во наредната борба против Арсенал со з…