Иднината на Нејмар и ова лето ќе биде жешка тема на трансфер пазарот, а се погласни се шпекулациите за негово враќање на „Камп Ноу“.
Каталоснки „Спорт“ открива дека раководството на Барселона и Пари Сен Жермен започнаа прелиминарни преговори за враќањето на бразилската ѕвезда Нејмар на „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот е категоричен во намерата да си замине од Париз и да се врати во Барселона, а „светците“ овој пат нема да му стојат на патот. Меѓутоа, францускиот клуб постави многу висока цена за играчот кој пред две години го платија 222 милиони евра.
Според каталонскиот весник „Спорт“ понудата на клубот од Камп Ноу е 100 милиони евра плус услугите на Филипе Кутињо. Истиот извор тврди дека двата клуба се уште немале директен конктакт и дека преговорите ги водат медиатори, со клучните агенти Пини Захави и Киа Јорабчиан.
Останува да видиме каков ќе биде одговорот на ПСЖ, но преговорите сигурно ќе бидат долги, а медиумите тврдат дека можно е во целата зделка да бидат вклучени уште Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.