Италијанските и европските гиганти водат битка за потписот на ѕвездата на Бреша, Сандро Тонали.
Претседателот на Бреша, Масимо Челино денес откри дека Барселона испратила голема понуда за италијанскиот „бисер“, но Тонали веќе донел одлука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, младиот плејмејкер сака да остане во Италија и го известил клубот дека сака да направи трансфер во Интер или Јувентус.
„Се заљубувам во одедени играчи кои не би можел да ги продадам. Мојата желба беше да изградам добар тим околу Тонали, но момчето има други планови. ПСЖ исптрати понуда, но тој не сака да оди во Франција, сака да игра во Интер или Јувентус“, откри Челино.
„Пред пандемијата со коронавирус Барселона испрати понуда од 65 милиони евра, но Тонали сака да остане во Италија. Мислам дека неговата иднина е горе-долу решена“, додаде претседателот на Бреша.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е во пол-позиција за неговиот потпис, а трансферот ќе изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра.
FC Barcelona ❌
— LiveScore (@livescore) June 1, 2020
PSG ❌
Juventus ⏳
Inter Milan ⏳
Sandro Tonali looks set to stay in Italy ???#Tonali #Transfers #SerieA #Juventus #InterMilan https://t.co/qxkAyrS9k7