После продажбата на Нелсон Семедо Барселона е во потрага по засиливање на левата бековска позиција.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Каталонците ги договориле личните услови со десниот бек на Норвич, Макс Аронс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Младиот англиски репрезентативец се согласил да потпише петгодишен договор со каталонскиот гигант и се очекува набрзо да го комплетира трансферот.
Се чини дека Барселона ја загуби битката со Баерн Минхен во трката за фудбалерот на Ајакс, Сержињо Дест, па брзо се насочи кон Макс Аронс кој за нив беше резервна опција во овој трансфер период.
Трансферот на Англичанецот би требало да изнесува помеѓу 10 и 15 милиони евра.