Од Барселона пристигнуваат информации дека на лето каталонскиот клуб ќе го врати во своите редови крилниот напаѓач, Жерар Делуфеу.
Одличнит офанзивец беше една од најголемите надежи на Барселона, но во страшната конкуренција не можеше да добие вистинска шанса и одигра само два натпревари за првиот тим. Прво беше испратен на позајмица во Евртон па во Севиља, а потоа Евертон го откупи неговиот договор за 7,5 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа, оваа сезона под водство на Куман не можеше да се избори за голема минутажа кај „карамелите“, па во јануари Делуфеу се пресели на позајмица во Милан, каде блесна со своите настапи во Серија А.
„Имаме опција да го откупиме неговиот договор и тоа е одлично. Многу сум среќен со неговата моментална ситуација и неговите настапи во Милан. Одлична вест е што можеме да го вратиме за 12 милиони евра“, потврди спортскиот директор на Барса.
„За мојата иднина ќе се одлучува на крајот на сезоната. Сега сум среќен во Милан, тоа е еден од најголемите клубови во светот. Таму ја вратив самодовербата и благодарение на Милан сум во репрезентацијата“, изјави Делуфеу.