Дома Трансфер зона Барса го пушта Кутињо на позајмица?

Барса го пушта Кутињо на позајмица?

Барселона, наводно, е подготвена ова лето да се откаже од услугите на својот најскап играч во историјата – Филипе Кутињо.

„Мундо Депортиво” тврди дека Бразилецот веќе не е дел од плановите на клубот и Каталонците се спремни да го продадат.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Најсериозен кандидат за неговиот потпис е ПСЖ, но „светците“ иако имаат проблеми со финансискиот фер плеј, сепак смислиле план како да го донесат Кутињо во Париз.

Мадридскиот „АС“ пишува дека парискиот клуб ќе го донесе Кутињо како позајмен фудбалер на една година, со задолжителен откуп следното лето. Притоа, „светците“ би го преземале и плаќањето на бонусите кои Каталонците ги имаат кон Бразилецот.

Ова не е новост кога е во прашање ПСЖ, тие го употребија истиот принцип и при трансферот на Мбапе, со цел да го „заобиколат“финансискиот фер плеј.

Бразилецот пристигна во „Камп Ноу“ во трансфер со вредност од 160 милиони евра минатиот јануари. Оттогаш тој има 76 настапи на кои постигна 21 гол и 11 асистенции, но впечатокот е дека не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо ново, скапото засилување на Челзи сака да си оди

Челзи веќе неколку трансфер периоди по ред троши огромни средства за скапи засилувања, но …