Дома Трансфер зона Барса го продава Умтити и тргнува по Скриниар

Барса го продава Умтити и тргнува по Скриниар

Барселона е спремна да го продаде Самуел Умтити ова лето, но само ако успее да го осигури потписот на Милан Скриниар од Интер, пишува „Мундо Депортиво“.

Каталонците покажуваат сериозен интерес кон словачкиот дефанзивец и ќе се обидат да го купат ова лето, можеби во „пакет“ со Лаутаро Мартинез, кој е примарна трансфер цел на клубот од „Камп Ноу“.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Умтити веќе подолго време се поврзува со заминување од Барселона. Французинот во последно време често е повреден, па поради тоа тој оваа сезона запиша само 16 настапи, а минатата сезона ја пропушти готово цела.

Каталонците сакаат да го предложат Умтити на Интер во замена за Скриниар, но „нероаѕурите“ не сакаат таква трампа. Поради тоа Барса е спремна да слушне понуди за Французинот, а интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…