Mладиот Уругваец пристигнува за пет милиони евра.
Барселона до крајот на неделата ќе ги заврши активностите на летниот трансфе пазар. Последната аквизиција на Каталонците ќе биде малку познатиот, но многу талентираниот Уругваец, Роналд Араухо!
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Момчето има само 19 години и е капитен на својата селекција за играчи до 20 години.
Со ваквиот потег Барселона стави точка на потрагата по десен стопер. Да потсетиме, шпанскиот гигант го „меркаше“ Леонардо Белерди од Бока Јуниорс, но бидејќи понудата од 5.5 милиони евра не беше доволна се откажаа од негов ангажман.
Секако, Араухо е инвестиција за во иднина. Младиот Уругваец ќе настапува за Барселона Б во третата лига. Тој доаѓа од клубот по име Бостон Ривер кој за него на една фудбалска школа пред само една година плати 395.000 евра.