Барселона во неколку наврати нудеше големи пари на Ливерпул за Филипе Кутињо. Англичаните беа одбиени неколку пати, а кога им им досадија повиците од Ливерпул беа гласни – доколку го сакате Бразилецот платете 150 милиони евра!
Барселона толку, се разбира, нема да плати, но помисли да ја закрпи дупката во својата понуда. Како што пишува „Diario Gol“, Барселона е подготвена на Ливерпул да го понуди Иван Ракитиќ и дополнителна сума на пари.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Ливерпул наводно сериозно ќе ја разгледа оваа понуда и ќе одгооври за време на минитурнејата по Германија каде што утре ќе го игра натпреварот против Херта, а три дена подоцна против Баерн.
Ракитиќ во Барселона одигра 159 натпревари и постигна 25 гола со 23 асистенции. Кутињо, од другата страна, за Ливерпул запиша 181 настап, 42 гола и 37 асистенции, а токму неговото доаѓање во Барселона дополнително би го убедило Нејмар да остане во клубот.