Дома Фудбал Репрезентации Барди: Еден час бевме Барса за Украинците, а потоа…

Барди: Еден час бевме Барса за Украинците, а потоа…

Македонија за жал не успеа да слави денес против Украина и бевме поразени со 2:3, иако на полувремето водевме со 2:0.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди порача дека мора да се смени менталитетот и секој да преземе одговорност, а не постојано да се наоѓаат други изговори.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Не знаете колку лошо се чувствувам. Ги имавме во раце Украинците, а потоа одеднаш како да се загубивме на теренот.

Ни недостигаше фокус, а тоа Украина го искористи. Не знам што се случи. Игравме како Барса шеесетина минути и потоа пак со тој наш менталитет дозволивме да загубиме.

Едноставно секој треба да преземе одговорност за себе и мораме да се подобриме“, изјави Барди.

Македонија за два дена ја очекува тежок натпревар против Англија на гости во Манчестер на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи го официјализира трансферот на Милинковиќ-Савиќ

Голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се пресели од Торино во Наполи на заем, соопштија од клупск…