Во Леванте неодамна се случи тренерска смена, нов стратег на овој клуб е Хавиер Переира.
Переира на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Севиља зборуваше и за своите планови. Тој најави дека Барди ќе добие нова улога во тимот. Переира смета дека македонскиот репрезентативец би бил многу подобар кога би бил повеќе кон средината отколку на крилните позиции како што често беше случај кај претходниот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе видиме за што ќе се одлучиме, многу работи ќе зависат од формацијата на секој натпревар. За мене Барди е подобар кога ќе биде повеќе кон средината отколку на надворешните крилни позиции. Во него гледам одличен играч зад напаѓачот или како среден играч во формација 4-3-3“, изјави Переира.
Ќе потсетиме, Барди се опорави од повредата која ја заработи во натпреварот против Романија во септемврските квалификации и ќе биде спремен за настап против Севиља.