„Росонерите“ се согласија да го продадат Колимбиецот, Карлос Бака, за 15 милиони евра.
„Тутоспорт“ во своето денешно издание пренесува дека Карлос Бака ќе ја продолжи својата кариера во Франција. Негов нов клуб ќе биде Олимпик Марсеј, бидејќи Милан наводно ја прифатил понудата од 15 милиони евра која пристигнала од „Велодром“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истиот извор наведува дека трансферот ќе биде реализиран следната недела. 30 годишниот Колумбиец, се надеваше на трансфер во Лацио, но изгледа после се ќе заврши во Марсеј.
Ќе видиме дали заминувањето на Бака ќе придонесе управата на Милан да доведе нов напаѓач до крајот на преодниот рок. Познато е дека голема желба на Винчецо Монтела е Андреа Белоти од Торино, кој е прескап. Сепак, „росонерите“ можеби ќе се одлучат да му дадат шанса на младиот напаѓач, Патрик Кутроне кој постигна два погодоци во припремниот натпревар против Баерн Минхен.