Баерн Минхен со една нога е во четвртфиналето откако оствари висока победа во Рим. Челзи минимално славеше над Атлетико Мадрид.
Баварците тргнаа фуриозно од самиот старт и дојдоа до водство уште во 9-та минута со голот на Роберт Левандовски после големата грешка на одбраната на Лацио.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Потоа на 2:0 зголеми тинејџерот Мусиала. 17-годишниот фудбалер постигна прекрасен гол и тоа на својот прв настап во стартниот тим на Баерн во Лигата на шампиони. До полувремето Сане погоди за високи 3:0.
Н стартот на вториот дел Ачерби си посигна автогол, а неколку минути подоцна Кореа намали на 4:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.
Атлетико Мадрид и Челзи одиграа тврд, тактички натпревар. Челзи имаше иницијатива од самиот старт, а „јорганџиите“ спорадично се закануваа преку контранапади.
Мрежите мируваа се до 69-та минута кога Оливие Жиру постигна фантастичен гол со „ножички“ и му донесе победа на Челзи.