Веќе пет сезони со ред Баерн доминира во Бундес лигата, но никако да ја оствари својата примарна цел – освојување на Лига на шампиони.
Оваа сезона тимот на Карло Анчелоти испадна во четвртфиналето, па затоа сакаат значително да се засилат во летниот преоден рок и да направат уште посилен тим за следната сезона.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
На крајот на сезона тимот ќе го напуштат Филип Лам и Чаби Алонсо, но Баварците сакаат засилувањето на тимот да го започнат од нападот каде треба да пристигне уште еден напаѓач од светска класа.
Der FC #Bayern soll scheinbar einen Rekordtransfer für Alexis #Sanchez vorbereitenhttps://t.co/EgDcmAdyHr pic.twitter.com/kW8jLqMKGz
— ran (@ransport) May 7, 2017
Поради тоа Баерн спреми напад на ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез кој ова лето готово сигурно ќе го напушти „Емирати“. Баварците веќе започнаа преговори со Чилеанецот, кој е отворен за преселба во Минхен, па останува уште двата клуба да се договорат околу отштетата.
Германските медиуми тврдат дека Баерн е спремен да понуди 65 милиони евра, што би требало да бидат сосема доволени да се убеди Арсенал.