Дома Трансфер зона Баерн си најде нов голман, ќе плати пет милиони евра

Баерн си најде нов голман, ќе плати пет милиони евра

Израелскиот голман Даниел Перец многу брзо може да го облече дресот на Баерн Минхен, објави „Скај Спорт“.

Баварците ги завршија преговорите околу трансферот на 22-годишниот чувар на мрежата од Макаби Тел Авив, а како оштета ќе му исплатат пет милиони евра. Голманот веќе постигнал договор за соработка на пет години.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Перец последниот натпревар во дресот на Макаби го одигра во четвртокот против Челзи во плеј-офот во Конференциската лига, по што отпатува за Германија.

Се претпоставува дека Перец ќе биде поддршка на Свен Улрајх кој во овој момент е прв голма на Баерн поради повредата на Мануел Ноер.

Коментари
  • Официјално: Баерн има нов голман

    Баерн Минхен утрово го потврди трансферот на 23-годишниот израелски голман Даниел Перец. Г…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба тренира на егзотична дестинација: Таму може и да остане

Пол Погба и дефинитивно се раздели со Јувентус и во овие моменти е во потрага по нов клуб.…