Баерн Минхен покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите.
23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, а оваа сезона на 39 меча постигна 26 гола и запиша 15 асистенции.
Баварците веруваат дека Французинот ќе биде долгорочен наследник на Левандовски, кој веќе влезе во фудбалска зрелост. Притоа, полскиот напаѓач се уште го нема продолжено договорот и може да биде продаден на лето.
Токму Нкунку е причината поради која Баерн размислува за продажба на Левандовски и во наредните денови ќе започне преговори со Лајпциг.
Конкуренцијата за неговиот потпис е огромна, а Лајпциг за неговата слобода бара 60 милиони евра, што нема да претставува проблем за Баварците.