Дома Трансфер зона Баерн испрати понуда до Лукаку

Баерн испрати понуда до Лукаку

Баерн Минхен се помири со фактот дека ќе го загуби Роберт Левандовски ова лето и почна да бара негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците преговараат со Садио Мане, но се во потрага и по централен напаѓач, а најновата мета е Ромелу Лукаку, пренесуваат германските медиуми.

Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и сака да ја промени средината.

Тој го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел,а негова најголема желба е да се врати во Интер.

Меѓутоа, „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и го сакаат само на позајмица, додека Баерн е спремен да го купи Белгиецот.

Баврците стапиле во контакт со неговиот агент и во него гледаат идеална замена за Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…