Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн изненаден во Шпанија, Виљареал носи предност во Минхен!

Баерн изненаден во Шпанија, Виљареал носи предност во Минхен!

Изненадувањето на вечерта го приреди Виљареал кој на свој терен успеа да слави победа против фаворизираниот Баерн Минхен од 1:0.

До водството кое го задржаа и до крајот на натпреварот Виљареал стигна после само осум минути игра. Баерн создаваше прилики, но изостануваа оние најголеми шанси. На пет минути до крајот на полувремето дојде нов студен туш за баварците. Кокелан ја погоди мрежата на Ноер, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во второто полувреме Баерн тргна офанзивно создаде и повеќе шанси, но упати само еден удар во рамките од голот и Виљареал имаше еден, но тој заврши во мрежата. Далеку од тоа дека Баерн нема капацитет да се врати во реваншот, меѓутоа Виљареал после елиминацијата на Јувентус уште еднаш покажува дека сезонава може да парира и најсилните европски екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Медицинскиот тим на Реал направил срамна грешка при дијагностицирањето на повредата на Мбапе

Медицинскиот тим на Реал Мадрид направил скандалозна грешка при дијагностицирањето на повр…