Баерн Минхен следното лето ќе добие нов тренер.
На почетокот на оваа сезона клубот поради лошите резултати го отпушти Карло Анчелоти, а како негова замена до крајот на сезоната доведен е искусниот Јуп Хајнкес. Легандарниот 72-годишен тренер во следните неколку месеци ќе ги предводи Баварците, а во следната сезона германскиот гигант ќе влезе со нов тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Баерн листата ја скрати на три имиња. Новиот тренер ќе се одбере помеѓу Томас Тухел, Јулиан Нагелсман и Јоаким Лев. Наводно, Лев би требало да биде тој што ќе седна на клупата на Баерн. Тој веќе 11 години е селектор на репрезентацијата на Германија со која оствари големи успеси и сега наводно е подготвен за нов чекор во кариерата.
Работа во тимот од Минхен би му бил прв голем клупски ангажман. Претходно работеше во Штутгарт, Фенербахче и уште неколку тимови во Австрија и Турција, но Баерн секако би бил најголем предизвик. Во текот на тренерската клупска кариерата, Лев најголем успех оствари со Штутгарт со кого во 1997. година го освои Купот на Германија, додека со екипата на Триола дојде во титулата шампион на Австрија во 2002. година.