Баерн Минхен сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат германските медиуми.
Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед подолго време преговара и постигна договор со Барселона, но Де Јонг одбива да се пресели на „Олд Трафорд“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.
Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен, кој веќе почнал преговори со Барселона и е спремен да плати 80 милиони евра.
Баварците денес треба да го комплетираат трансферот на Матијас де Лихт од Јувентус, а потоа можат да го донесат и неговиот пријател Де Јонг од Барселона.
🚨| Frenkie de Jong does not want to join Manchester United! The Dutchman would be ready to leave Barcelona only for one club – Bayern Munich, which will sign Matthijs de Ligt soon! [@footmercato] #FcBayern #DeJong pic.twitter.com/Aph5SbHFKx
— BayernZone (@TheBayernZone) July 17, 2022