Дома Топ вести Баерн го „краде“ Де Лихт пред носот на Барселона

Баерн го „краде“ Де Лихт пред носот на Барселона

Иднината на капитенот на Ајакс Матијас де Лихт и понатаму е главна тема во спортските медиуми, и неговата иднина останува неизвесна.

Каталонскит весник „Спорт“ денес објави дека Барселона повеќе не е фаворит за потписот на талентираниот Холанѓанец и се поголеми се шансите тој да заврши во Баерн Минхен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона веќе го осигура потписот на Френки де Јонг, а освен тoа клубот ги зачува одличните односи со Ајакс и тоа ги правеше фаворит Каталонците пред другите клубови за потписот на Де Лихт.

Меѓутоа, се покажа дека добрите односи не се доволни, бидејќи понудата на Баерн е многу подобра. „Спорт“ не споменува конкрентна сума, но тврди дека Баварците се спремни да понудат најмногу за 19-годишниот дефанзивец.

Договорот на Де Лихт со Ајакс истекува во 2021 година, а талентот оваа сезона има одиграно 42 меча за холандкиот гигант.

Тој со своите квалитети ги воодушеви готово сите големи европски клубови, па неговата цена во моментов се проценува на 70 милиони евра.

Баерн планира сериозна рекоснтрукција на тимот на лето и најави дека ќе потроши најмногу пари во својата историја.

Баварците веќе ги обезбедија потписите на двајца светски шампиони со Франција, Бенџамин Павар и Ликас Хернандез, кој стана најскапото засилување во историјата на клубот.

https://youtu.be/xEW3qCd5TjA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…