Фиорентина потврди дека Душан Влаховиќ одбил да потпише нов договор со „виолетовите“ и на лето ќе го напушти клубот.




Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Битката за неговиот потпис веќе започна, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Баерн Минхен.




Баварците се во потрага по млад и квалитетен напаѓач кој во иднина ќе може да го замени Левандовски и сметаат дека Влаховиќ ќе биде идеално решение.




Конкуренцијата за 21-годишниот Србин е голема, а Баерн е спремен да плати 70 милиони евра за неговиот потпис.