Германскиот голман, Мануел Нојер на терен би можел да се врати дури на пролет.
Нојер се повреди на тренинг изминатиот месец, на кој го скрши стапалото. Дека се приметува неговото отсуство говори и лошата игра на Баварците, кои се надеваат дека нивниот голман ќе се врати побрзо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, за клупската телевизија, фантастичниот голман истакна дека неговата рехабилитација би можела да потрае.
„Закрепнувањето може да трае и до шест месеци. Се зависи од процесот на зараснување. Засега рехабилитацијата оди добро, многу сум позитивен и мислам дека ќе биде подобро“, истакна Нојер.