Дома Фудбал Италија Ањели го губи трпението, Пирло е пред отказ

Ањели го губи трпението, Пирло е пред отказ

Јувентус лошо ја отвори новата сезона, па италијанските медиуми тврдат дека се разнишала позицијата на тренерот Андреа Пирло.

„Бјанконерите“ запишаа две неочекувани ремија против Кротоне и Верона, а во Лигата на шампиони беа надиграни и победи од Барселона.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Тоа го запали „алармот“ во Торино, па претседателот Андреа Ањели размислува за смена на Пирло, тврдат медиумите на Апенините.

Пирло беше избор токму на Ањели, па засега нема ултиматум за новиот тренер, но јасно е дека ќе мора да ги подобри играта и резултатите.

Доколку тоа не се случи во најскоро време, Пирло ќе добие отказ, а најсериозен кандидат за негов наследник се спомнува актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мaроко триумфираше на отворањето на Купот на нациите. Погледнете го извонредниот гол со ножички

Фудбалерите на Мароко ги поразија Коморските Острови со 2:0 во првиот натпревар на 35-то и…