Дома Фудбал Останато Ајакс еден ден по историскиот дебакл доживеа уште еден тежок удар

Ајакс еден ден по историскиот дебакл доживеа уште еден тежок удар

Вчера во холандскиот шампионат Aјакс во натпреварот против Феенорд кој требаше да биде дерби го доживеа најтешкиот пораз во холандското првенство. Феенорд ги декласираше со убедливи 6:0.

За каков натпревар се работи најдобро може да каже статистиката која вели дека односот на ударите бил 30:1 во корист на Феенорд.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Помалку од 24 часа подоцна, на Ајакс му беше зададен уште еден тежок удар. Овој клуб сакаше да го види Грем Потер на својата клупа од јуни, но британски „Скај спорт“ излезе со ексклузивна информација дека поранешниот менаџер на Брајтон и Челзи ја одбил тренерската позиција на „Јохан Кројф Арена“.

„Скај Спорт“ понатаму пишува дека Потер ќе се најде на листата на кандидати за менаџер на Манчестер Јунајтед, доколку тој клуб на крајот од сезоната го отпушти Ерик тен Хаг.

Ајакс сигурно нема да има тренер кога ќе заврши сезоната, бидејќи заминување најави и Џон ван де Шип, а по овие 0:6 веројатно и да сака да остане нема да има можност. Се споменува и Чави, но ќе видиме што ќе се случи во текот на летото…

Ајакс има очајна сезона, во еден момент беше во зоната за испаѓање, а сега е шести на табелата и се бори за место во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…