Италијанската репрезентација синоќа се пласира во четвртфиналето на ЕП каде ќе го чека подобриот од дуелот Белгија – Португалија.
Дефанзивецот на „аѕурите“, Франческо Ачерби отворено призна дека преферира да игра против Португалија, бидејќи полесно му е да го чува Роналдо отколку Лукаку.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ачерби игра за Лацио и одично ги познава и двајцата бидејќи во Серија А често има дуели со нив.
„Моја желба е да се сретнеме со Португалија, бидејќи верувам дека би имале за нијанса полесна работа отколку доколку играме со Белгија. Лукаку е комплетен фудбалер, исто како и Роналдо, кој постигнува голови. Меѓутоа, потешко ми е да го чувам Лукаку затоа што се посилен физички, додека Роналдо е полесен противник за чување на теренот“, изјави Ачерби.