Дома Останати Тенис АТП Лондон: Надал го доби Циципас и закажа полуфинале со Медведев

АТП Лондон: Надал го доби Циципас и закажа полуфинале со Медведев

Рафаел Надал со победа против Гркот Стефано Циципас се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерс турнирот во Лондон.

Шпанецот славеше со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:2) и така на Циципас не му дозволи да го брани трофејот освоен минатата година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во цврст прв сет, прв на свој сервис попушти Циципас во деветтиот гем, Рафа во следниот гем ја искористи шансата и рутински го доби првиот сет. И вториот сет почна да потсетуван а првиот, но тогаш искусниот Шпанец при сервисот за останување во вториот сет направи неколку грешки и со двојна грешка му го препушти на Циципас вториот сет.

Третиот сет се отвори со три брејка, сервисот не одеше и кај двајцата, меѓуто прв се собра Надал и зачекори кон триумф во овој меч. Гемот го доби со 6:2. Надал во полуфиналето ќе игра со Медведев, а во второто полуфинале ќе игра Тим против подобриот од мечот Ѓоковиќ – Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…