Денеска Јаник Синер ја стартува својата 14. Недела во која е лидер на АТП листата и по победата на УС Опен извесно е дека годината ќе ја заврши како најдобар тенисер во светот.
Промена во врвот има и со скокот на Александар Зверев кој дојде до втората позиција, но разликата помеѓу него и Синер е 4.105 бода. Италијанскиот тенисер има дури и двојно повеќе бодови од Новак Ѓоковиќ. Не е исклучено таа разлика да биде и поголема до крајот на годината бидејќи Ѓоковиќ брани 2.300 бода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финалистот од УС Опен Тејлор Фриц со скок од пет позиции дојде до седмото место.