Шпанските медиуми откриваат дека Диего Симеоне постигнал договор за продолжување на соработката со Атлетико Мадрид до 2024 година.
Симеоне ова лето ќе прави промени во тимот, а главна трансфер цел е Лаутрао Мартинез од Интер. „Јорганџиите“ се во финансиска криза и се спремни да го продадат Саул за да го донесат аргенинскиот напаѓач.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тоа што е сигурно е дека Симеоне сака Трипие да го испрати во Арсенал како замена за Белерин.
Како замена за Саул, Атлетико ќе се обиде да го купи Тимуе Бакајоко на кого не смета Челзи, иако прва желба останува Де Паул од Удинезе.
Од напаѓачи Симеоне ги има Суарез, Кореа, Мората останува во Јувентус, а големата желба е Лаутаро Мартинез.