Дома Фудбал Атлетико во луд натпревар после продолженија го исфрли Реал од Кралскиот куп

Атлетико во луд натпревар после продолженија го исфрли Реал од Кралскиот куп

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот куп.

Тие кај својот Метрополитано го победија бранителот на титулата и градски ривал Реал со 4:2 во продолжението, откако во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 2:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во продолженијата Атлетико успеа да постигна два гола преку Гризман во 100. минута и Рикелме во 119. минута.

Заедно со Атлетико Мадрид, во четвртфиналето веќе се пласираа Барселона, Мајорка, Севиља, Реал Сосиедад, Селта Виго, Атлетик Билбао и Џирона. Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи во петок во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Запретија со убиство на судијата од Интер – Јуве, полицијата се активира

Полицијата започна истрага за упатените закани за смрт и навреди кон судијата Федерико Ла …