Дома Фудбал Лига на шампиони Аталанта ослабена против ПСЖ

Аталанта ослабена против ПСЖ

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, потврди дека сигурно нема да смета на Јосип Иличиќ за натпреварот со ПСЖ во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Иличиќ е повреден и нема да се опорави до мечот против ПСЖ, што е голем удар за тимот од Бергамо во пресрет на историскиот натпревар за овој клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Разочарувачки е што во решавачките моменти од сезоната, треба да играме без дел од клучните играчи. Имавме месеци без Дуван Запата, сега Иличиќ е надвор од терените и колку повеќе време минува, толку е помала веројатноста тој да се врати во игра за натпреварите од Лигата на шампиони. Работиме напорно за да ја прилагодиме играта без Иличиќ“, изјави Гасперини.

Иличиќ блескаше оваа сезона до повредата, а на Валенсија и даде четири гола во осминафиналето од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инфлуенсерот вети дека ќе ја пушта косата додека Јунајтед не победи пет пати по ред – поминаа 345 дена (Видео)

Франк Илет, инфлуенсер и навивач на Манчестер Јунајтед познат на Инстаграм како „The Unite…