Дома Фудбал Англија Аспиликуета: Игравме добро во првите пет минути

Аспиликуета: Игравме добро во првите пет минути

Шпанскиот фудбалер Цезар Аспиликуета беше разочаран после денешниот пораз на неговиот тим на гости против Манчестер Сити.

Ќе потсетиме, Челзи го доживеа еден од најтешките порази во историјата бидејќи на „Итихад“ беа декласирани од Манчестер Сити со 6:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аспиликуета порача дека ова неговата најлоша вечер во кариерата.

„Ова е најлошата ноќ во мојата кариера. Тешко е да се објасни што се случи. Игравме добро во првите пет минути. Ова беше огромно разочарување. Примаме многу голови и тоа мора да се промени“.

„Кога ќе изгубите 6:0 тогаш знаете дека не сте играле добро. Знаевме дека ќе биде тешко и мораме да им се извиниме на навивачите, барем толку можеме да направиме“, изјави Шпанецот.

https://youtu.be/IsuDOgOl3eU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан се засилува од Реал Мадрид

Себаљос повеќе не наоѓа простор во Реал Мадрид, па „кралевите“ му сугерираа дека треба да …