Младиот шпански фудбалер, Марко Асенсио, би можел следното лето да стане вториот најскап играч некогаш.
Шпанските медиуми тврдат дека во Мадрид пристигнала понуда од Манчестер Јунајтед, вредна дури 200 милиони евра и дека „Кралевите“ сериозно размислуваат да ја прифатат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дон Балон“ наведува дека менаџерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо веќе направил разговори со 21-годишниот фудбалер и клубот од „Олд Трафорд“ за него е подготвен да понуди 200 милиони евра.
Асенсио така лесно би можел да замине во Премиер лигата следното лето. Понудата од 200 милиони не се одбива лесно, а овој трансфер би бил вториот најголем некогаш, а само Нејмар би бил поскап платен 222 милиони евра.
Младиот фудбалер нуди многу оваа сезона. Настапи на 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна шест погодоци. Покрај Јунајтед, интерес за неговите услуги покажуваат и ПСЖ и Манчестер Сити.