Дома Топ вести „АС“ потврди: Роналдо преговара со ПСЖ, „светците“ му нудат богатство!

„АС“ потврди: Роналдо преговара со ПСЖ, „светците“ му нудат богатство!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо е блиску до трансфер во Пари Сент Жермен, тврдат португалските медиуми.

Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш веќе пристигнал во Париз и започнал преговори за трансферот на неговиот клиент во францускиот гигант.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо не е задоволен од годишните примања кои ги има во Мадрид, а со оглед на фактот што претседателот Перез не сака да му даде нов договор, Португалецот е спремен да ја промени средината.

Денешното издание на „АС“ потврди дека Роналдо може да се пресели во Париз бидејќи „светците“ му нудат неверојатни 45 милиони евра по сезона, со што Португалецот ќе стане најплатениот фудбалер на светот.

Со оглед на фактот што Роналдо веќе има 33 години, ПСЖ не е спремен да понуди сума поголема од 150 милиони евра за неговиот потпис.

Целта на „светците“ е да формираат напад „трио од соништата“ Нејмар – Роналдо – Мбапе, а единствен проблем може да биде Финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…