Дома Фудбал Артур негира трансфер: Сакам да останам во Барселона

Артур негира трансфер: Сакам да останам во Барселона

Плејмејкерот на Барселона, Артур излезе со официјално соопштение во кое негира трансфер и тврди дека сака да остане на „Камп Ноу“.

Во последно време се погласни се шпекулациите за негов трансфер во Јувентус, а вчера се појави информација дека Барселона му дозволила да почне преговори со „старата дама“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Секогаш има шпекулации, но искрено кажано, јас имам јасна идеја. Единствената моја желба е да останам во Барселона. Сигурен сум во тоа и затоа сум спокоен. Многу сум благодарен на луѓето во клубот кои имаат прекрасен однос со мене, тоа е уште еден мотив за да продолжам да играм за овој клуб. Поласкан сум од интересот на други големи клубови, но во мојата глава е само Барселона“, истакна 23-годишниот Бразилец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со босанскиот ветеран Един Џеко, пишува весникот “Екип”. Де…