Микел Артета дебитираше на клупата на Арсенал со реми, а денес на „Емирати“ се игра големо дерби и „топџиите“ го пречекуваат Челзи.
Артета пред натпреварот истакна дека Арсенал е најголем клуб во Англија и дека противиците треба да се плашат од „топџиите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ние сме најголемиот фудбалски клуб во Англија и мораме да бидеме свесни за тоа кога играме, па дури да бидеме и помалку арогантни.. Овој стадион повторно мора да сее страв кај противниците. Јас мразев да доаѓам овде како противник и мораме да ја користиме таа моќ“, истакна Артета.
„Оној момент кога ќе влезете во овој фудбалски клуб чуствувате притисок. Овде треба да се победува и да се освојуваат трофеи, да се биде подобар од противникот. Тие се стандардите овде и не смее да биде ништо поинаку. Овој клуб заслужува само најдобро, секој кој ќе дојде мора да го сфати тоа“, додаде Шпанецот.