Арсенал вчера ремизираше против Барнли и ги разочара своите навивачи. Топџиите беа подобри, но на крајот сепак не стигнаа до победа.
Микел Артета пронајде интересно оправдување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тревата беше висока, условите тешки. Теренот не беше наваден и тоа е проблем за екипа која сака да игра фудбал, како нас. Го очекував тоа, тоа е нивната игра, дозволено е. Ние мора да се прилагодиме на тоа.“ – изјави Артета.
Го прокоментира и настапот на Шкодран Мустафи кој е на мета на критики.
“Ми се допадна неговата реакција и храброста со која играше и донесуваше одлуки. Тој тренира навистина добро и мислам дека можевме да видиме на овој натпревар колку е добар” – беше јасен тренерот на Арсенал.
Арсенал се наоѓа на 10-то место во Премиер лигата со 31 бод. На последните пет натпревари одигра дури четири нерешени и забележа само една победа.