Дома Фудбал Англија Артета искрено за трансфер плановите: Имаме две-три сценарија

Артета искрено за трансфер плановите: Имаме две-три сценарија

Менторот на Арсенал, Микел Артета откри дека планира две или три различни сценарија кога станува збор за летниот трансфер прозорец на „топџиите“.

ФИФА во средата објави дека ќе дозволи преместување на летниот преоден рок и препорача договорите за играчи да бидат продолжени до крајот на сезоната. Во моментов, Арсенал ги има Дани Себаљос и Седрик Соареш во својот список, со опција да го купи Пабло Мари на перманентна основа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Артета минатиот месец сподели дека „топчиите“ треба да седнат на преговарачката маса за нов договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг до крајот на сезоната.

„Планирам две или три различни сценарија со кои ќе се соочиме. Во зависност од едно од нив, ќе можеме да направиме повеќе, помалку или ништо. Мораме да реагираме од ден на ден. Не знаеме каква ќе биде финансиската состојба, не ги знаеме правилата, времето, прозорецот. Има толку многу работи што не можеме да ги контролираме во моментов“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…