Дома Фудбал Англија Арсенал незадржлив, Ливерпул непрепознатлив 🎥

Арсенал незадржлив, Ливерпул непрепознатлив 🎥

Арсенал го доби дербито со Ливерпул (3:2) и ја продлабочи кризата на „црвените“.

Габриел Мартинели во првата минута донесе водство за домаќинот, а израмни Дарвин Нуњез во 34-та минута. Во последните моменти од првиот дел, Бакајо Сака повторно го доведе Арсенал во предност.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На стартот од второто полувреме, во 53 минута, резервистот Роберто Фирмињо го израмни резултатот, но победата и трите бода за Арсенал ги обезбеди Сака во 76-та минута.

Арсенал е прв на табелата со 24 бода, еден повеќе од Манчестер Сити, додека Ливерпул остана на делба на десеттата позиција со 10 освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА 30 МИЛИОНИ: Расфорд летово го засилува гигантот од Серија А?!

По повредата на Рафиња, сета каталанска јавност е насочена кон Маркус Расфорд. Англискиот …