Договорот на Обамејанг со Арсенал истекува за една година, па „топџиите“ прават се за да го убедат да остане на „Емирати“.
Обамејанг во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб, но „топџиите“ не се откажуваат од намерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 250.000 фунти неделно, објавија англиските медиуми.
Со оглед на новонастанатата финансиска ситуација тешко дека некој друг клуб ќе може да му понуди ваков договор на напаѓачот, па поради тоа Арсенал се надева дека ќе ја прифати понудата.
Интерес за Обамејанг покажуваат Реал Мадрид, ПСЖ и Интер, но ниту еден од споменатите клубови не е спремен да му понуди толкава плата.