Дома Фудбал Англија „Арсенал“ има нова „десетка“!

„Арсенал“ има нова „десетка“!

Емил Смит Роу од денес е нов сопственик на „десетката“ во Арсенал, а доби и договор до 2026 година.

Овој 20 годишник го наследи легендарниот број кој до неодамна му припаѓаше на Месут Озил кој си замина од Лондон после седум години.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тренерот Микел Артета е задоволен од овој потпис.

„Како што можевме да видиме минатата сезона, Емил е интелигентен играч со одлични карактеристики. Неговата неверојатна визија за игра го направи важен играч за нас. Посветеноста и желбата да напредува се истот така импресивни. Сигурен сум дека навивачите ќе бидат задоволни што остана верен на нашиот клуб“, изјави Артета.

Смит Роу во минатата сезона постигна четири гола и подели седум асистенции на 33 натпревари. Арсенал ова лето одби понудата од Астон Вила која изнесуваше 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво правило нема во ниту една друга репрезентација: Еве зошто фудбалерите на Велс не смеат да ги меуваат дресовите

Откако застана на чело на фудбалската репрезентација на Велс во јуни 2024 година, Крег Бел…