Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид игра фантастична сезона и е на мета на многу европски гиганти.




22-годишниот напаѓач е голема желба на Арсенал и Тотенхем, а силен интерес за него покажува и италијанскиот гигант Милан.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Најголема желба на Артета за засилување на нападот е токму Канаѓанецот и клубот наскоро се очекува да стапи во контакт со неговиот агент.




Дејвид минатата сезона одигра одлично, а оваа сезона продолжи со добрата форма, па јасно е дека на лето ќе направи чекор напред во кариерата.




Лил за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која нема да биде проблем за лондонските клубови.